-->
-->
Кристопанс се сели во Франција?!
-->

Даинис Кристопанс од наредната сезона ќе го носи дресот на најбогатиот ракометен клуб во светот Пари Сен Жермен, објави специјализираниот ракометен портал „Хандбал планет“, повикувајќи се на свои извори.
На трансферот на Летонецот во Париз инсистирал тренерот Раул Гонзалес, кој во 2017 година го донесе Кистопанс од Мешков Брест во Вардар. Во кариерата Кристопанс настапувал и за Татран Прешов.
Највисокиот играч во Лигата на шампионите (215 сантиметри), кој настапува на позицијата десен бек, според истиот извор, во Пари Сен Жермен ќе го замени Хрватот Лука Степанчиќ, кој во конкуренција на францускиот репрезентативец Недим Ремили не успеа да се избори за некоја поголема минутажа на теренот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Турски воен авион се урна на автопатот Измир-Истанбул, загина пилотот
-

Минусни утрински температури на Попова Шапка, Маврови Анови и Охрид, во Гевгелија 10 степени
-

Global Digital City 2026 во Тетово
-

Без струја делови од Центар, Чаир и Студеничани
-

Министерот Љутков во работна посета на Кичево по изборот за Град на културата 2026
-

Со нови сведочења продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Кралот на Норвешка, Харалд хоспитализиран во Шпанија
-

На седница на Собранието законски измени за платите на функционерите, судиите, обвинителите
