Крива Паланка го одбележа патрон празникот Св.Јоаким Осоговски

Со чествувања во храмот посветен на Св.Јоаким Осоговски, манастирот кој го носи името на светецот и концерт на хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо, во општина Крива Паланка беше одбележан денот на светителот-закрилник на градот.
Ден пред празникот од храмот Св.Великомаченик Димитриј во градот се одржа литија на Св.Јоаким Осоговски, која водеше од градската црква до параклисот пред општината, додека вчера во манастирот се служеа утрена богослужба и света архиерејска литургија, а во дворот на манастирот пред неколкуилјади верници беше осветена вода и се кревааа славски колачи.
Празничната атмосфера во градот се огледаше во секој сегмент, туристи и верници дојдоа од сите краеви на државата, но и од соседните Србија и Бугарија, но и нашинци, кривопаланчани – иселеници, за овој празник дојдоа во родниот град и со семејствата го славеа денот на светителот, познат во околијата и надалеку по својата светост, а манастирот со раскошната убавина, со која ги мами посетителите.
Вечерта, на градскиот плоштад во центарот на градот, пак, општината во рамки на празнувањата концерт имаше хрватскиот пејач Петар Грашо, а како предгрупа настапи „Камелеон“ од Охрид.
Празнувањата во Крива Паланка почнаа со културно-уметничка програма од 24-ти месецов и ќе се заокружат утре со „Џојфест“ на кој ќе настапи Влатко Стефановски.
Ново на Сител
-

Мета и Гугл обвинети дека намерно создале зависност кај младите корисници
-

Позната причината за смртта на Кетрин О’Хара
-

ССМ ја започна блокадата на Собранието, бара зголемување на минималната плата на 600 евра
-

Герасимовски: Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање
-

Поради протестот на ССМ во Скопје посебен режим на сообраќај
-

На Попова Шапка утринава се измерени 64 сантиметри снег
-

Стан во Центар од 83 квадрати продаден за 2.965 евра по квадрат, најмногу продажби во Аеродром
-

ЗОИ 2026: Јапонската сноубордистка Мурасе освои златен медал во сноуборд
