Македонија
4. April 2024 - 16:34

Кривичен изрече затворски казни, иако Самоил го нема повеќе од 1 година

5 години и 10 месеци затвор за првообвинетиот Виктор Милановски и 2 години и 2 месеци за Саша Челичиќ.

Иако повеќе од една година нема одговор каде е Самоил Костадиновски, Кривичен ги осуди обвинетите за негово киднапирање.

Според судот двајцата се виновни бидејќи на 3 март минатата година го киднапирале Костадиновски со закана дека ќе го убијат ако не плати за претходно украдени 4 кг хероин.

- Во овој момент има одредено задоволство од пресудата затоа што после 1855 минути или повеќе од 30 часа на одржаните 11 рочишта на кои обвинителството ги презентираше доказите со кои надвор од разумно сомневање докажа дека обвинитетите го сториле кривичното дело, истакна обвинителот Дејан Петревски.

Незадоволен од пресудата е таткото на Самоил, кој вели дека судот изрекува повисоки казни за понесериозни кривични дела.

- Судот е корумпиран и е потплатено се. Не може некој да украде велосипед или да украде дрва и да добие повисока казна. Не може еден човек да вреди со ваква минимална казна. Ќе се жалиме секако. Некого да го удриш ќе добиеш повисока казна од ова, вели таткото на исчезнатиот Самоил, Љупчо Костадиновски

Иако судскиот процес го истераа докрај, обвинителите повеќе од 13 месеци не дадоа одговор што точно му се случило на Самоил Костадоновски, внук на Љубе Бошковски.

Со истрагата е опфатено уште едно лице кое се уште е во бегство, а обвинителот Петрески денеска потврди дека ќе биде распишана меѓунардона потерница.