Кривична пријава против 40-годишна радовишанка, поради дојава за бомба во училиште во Радовиш

На 06.11.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за истраги за тероризам, насилен екстремизам и радикализам, во содејство со Секторот за компјутерски криминал до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Ј. (40) од Радовиш, со престојувалиште во Скопје, за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело” по чл. 366 од КЗ.
Таа делото го сторила така што преку провајдерот „гугл“ на 29.10.2025 во 06:41 часот од претходно креирана меил адреса и користејќи го нејзиниот мобилен телефонски апарат, на службената е-маил адреса на основно училиште во Радовиш, испратила заканувачка содржина, во која меѓу другото стоело и дека е поставена бомба во училиштето.
Притоа, преземени се соодветни мерки и активности во насока на утврдување на потеклото на IP адресите и утврден е сторителот на кривичното дело. Исто така, извршена е и антитерористичка проверка во училиштето, при што е утврдено дека не се пронајдени експлозивни средства и направи.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
