Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Ново Село

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Ново Село осомничен за две кривични дела „послужување во службата“ и „посебни случаи на фалсификување исправи“.
- Пријавениот на 18 октомври 2017 неовластено се послужил со моторно возило сопственост на општина Ново Село, кое како претходен градоначалник му било доверено на користење за службени потреби. Иако знаел дека му прекинал мандатот како градоначалник на општина Ново Село, истиот ден кога му е врачено уверението на новиот градоначалник, Б.В. одбил да изврши примопредавање на моторното возило, притоа изготвувајќи си налог за патување со службено возило и заедно со неговата сопруга на 19 октомври 2017 заминал во Скопје за свои приватни потреби, рече на прес-конфренеција Хризантема Рендевска од СВР Струмица.
По претходна пријава полициските екипи на 19 октомври пред влезот во Струмица кај бензинската пумпа на „Лукоил“ го сопреле возилото кое било управувано од пријавениот, а совозач била неговата сопруга.
- Сопругата со нејзиниот телефон неовластено снимала и покрај укажувањата од страна на полициските службеници дејствието веднаш да го прекине. При извршена контрола било констатирано дека пријавениот го управувал возилото, сопственост на Општина Ново село, и за тоа самиот си изготвил Налог за користење патничко моторно возило за деловни потреби, без број од 18 октомври 2017 година во кој било наведено дека на 18 октомври 2017 година патува на релација од Ново Село до Скопје за службени потреби, додаде Рендевска.
Од страна на полицијата по наредба на ОЈО- Струмица со потврда за привремено одземени предмети, одземени се и фотографирани возилото-сопственост на општина Ново Село и мобилниот телефон на совозачот.
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
