Кривична пријава против скопјанец, осомничен за повеќе кривични дела
Денеска (07.12.2023), од страна на Единица за насилен криминал-ОКСД при СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка против И.Р.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил неколку кривични дела, и тоа: “Предизвикување општа опасност” предвидено и казниво по член 288, “Насилство” предвидено и казниво по член 386 и “Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали”, предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик.
Тој бил лишен од слобода непосредно по добиена пријава дека на 06.12.2023 околу 18.00 часот на подрачје на Бит Пазар, од пиштол испукал неколку куршуми во воздух и физички го нападнал Е.А.. Исто така, при преглед во возилото „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9 мм со рамка со 13 куршуми и уште една рамка со 17 куршуми.
На пријавениот И.Р. од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка притвор од 30 дена, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ