Кривична пријава против три лица од Р. Судан кои нападнаа 27-годишник од Скопје

На 21.02.2026 година, инспектори од ЕВР-ОКР Кисела Вода поднесоа кривична пријава против И.Ш.(20), Х.С.(20) и А.Г.(19), тројцата државјани на Р. Судан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид по член 237 во врска со член 19 од КЗ на РСМ.
Кривичното дело било пријавено на 19.02.2026 година, а се случило на трим патеката на ул. „11-ти Октомври“ во Скопје, додека оштетениот М.Т.(27) од Скопје се движел со своето куче, бил пресретнат од три лица кои побарале пари од него. Откако одговорил дека нема, му извршиле пребарување по џебовите по што физички го нападнале, нанесувајќи му видливи повреди и се оддалечиле во непознат правец.
По преземени мерки и активности, сторителите биле идентификувани и лишени од слобода. На 21.02.2026 година во просториите на Прифатен центар за странци, во присуство на јавен обвинител, било извршено препознавање при што оштетениот во целост ги препознал пријавените лица како сторители на кривичното дело.
Истиот ден, пријавените биле спроведени пред судија на претходна постапка во Основен кривичен суд Скопје, кој им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
