Кривична пријава за албански тренер кој тепал и навредувал млади фудбалери во Лач

Поранешниот тренер и член на техничкиот персонал на фудбалски тим „У-17“, од албанскиот град Лач, Ндуе Таражи, заработи кривична пријава за „малтретирање на малолетници“.
Тој ќе одговара пред Судот во Крбин, а пријавата му е поднесена откако претпладне беше приведен, по објавувањето на шокантно видео кое кружи на социјалните мрежи и на кое се гледа како тој ги тепа и навредува играчите по изгубен натпревар.
– Бесен на своите играчи, додека им кажува кој бил виновен за време на натпреварот, почнува да ги удира младите играчи кои седат пред него. Во еден момент, еден од играчите, не можејќи да издржи повеќе, плачејќи станува од местото. Снимките се навистина засрамувачки, констатира тиранската телевизија Топ чанел.
– Како не ви е срам, нечесници, кловнови. Сакате да играте фудбал во Лач. Загари. Нели ви реков да влезете со менталитет на победник – се дел од зборовите кои ги користи тренерот.
Освен тоа, додека ги удира младите фудбалери, Таражи употребува и погрдни зборови.
Ново на Сител
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
