-->
-->
Кривична пријава за четири момчиња за тешки кражби во извршени во Охрид
-->
СВР Охрид поднесе кривична пријава против против Е.Д.(21), С.К.(21) и против две други малолетни лица, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени шест тешки кражби.
Пријавените, како што соопшти МВР, ги извршиле делата во периодот од 11 до 15 август во повеќе деловни објекти во Охрид. Тие со употреба на подесен алат насилно влегувале во објектите и одземале разни предмети. На тој начин предизвикале материјална штета и се стекнале со противправна имотна корист од 46.000 денари.
СВР Охрид изврши претрес во собите каде што престојувале пријавените и пронајде дел од алатот користен во извршувањето на тешките кражби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изгаснати два пожари во Велес
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување
-
Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија
-
Се реконструира скверот зад ТЦ „Капитол“, проект вреден 45 милиони денари
-
Мицкоски за интерпелацијата за Судски совет: Нема како да бидат разрешени членовите, но борбата ќе биде со јавен притисок
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во семејна куќа во Удово
-
Ким: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот