-->
-->
Кривична пријава за Дара Бубамара - Кумот се одлучил да и се одмазди, еве и зошто!
-->

Секс-скандалот со Дара Бубамара не престанува да го „тресе“ шоу-бизнисот, а ова што го направил нејзиниот кум сигурно не го очекувала. Поточно, откако пејачката го обвини Ненад Дрљан за злоупотреба на нејзините лични податоци и исто така за организирање секс-скандал поради кој таа е на столбот на срамот, кумот се одлучил да реагира.
Тој поднел кривична пријава против пејачката за лажни информации дека тој им ги овозможил фотографиите на новинарите.
По тој повод се огласи и адвокатската канцеларија која ја ангажирал Ненад.

-„Адвокатската канцеларија соопштува дека е ангажирана од страна на Ненад Дрљан, кум на госпоѓата Радојка Кесиќ, позната како Дара Бубамара, и дека наводите кои се пренесуваат во медиумите во врска со дистрибуција на фотографиите се невистинити и поднесува барање за оштета и барање за исправка на информациите, како и кривична пријава против Радојка Кесиќ“, - се вели во соопштението, пренесува „Svet.rs“.
За потсетување, Дара неодамно го обвини својот кум дека се допишувал со повеќе момчиња, вклучувајќи го и лажниот профил на Андрија Милошевиќ и дека на медиумите им ги обезбедил нејзините порно фотографии.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
-

Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија
-

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
