Кривична пријава за дебранец за изнуда на пари

Жител на Дебар заработи кривична пријава поради изнуда на пари од свој сограѓанин.
– Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Р.Т.(51) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „изнуда“. Тој, на деветти август годинава од својот сограѓанин А.С. побарал пари, но не ги добил истите, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Тој додава дека откако Р.Т. не ја добил бараната сума пари, физички го нападнал сограѓанинот А.С. нанесувајќи му повреди во пределот на главата.
Димоски информираше дека во изминатите два дена на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива ОВР-Дебар, издадени се седумдесеттина прекршочни платни налози за неносење заштитна маска.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
