Кривична пријава за директорот на Клиниката за неврохирургија

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против А.Ч. (57) од Скопје, лекар и директор на Клиниката за неврохирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање поткуп“. Пријавениот е лишен од слобода, соопшти денеска МВР.
Пријавениот на 26 мај 2017 година, од татко на 13-годишна пациентка, директно побарал 1.000 евра за издавање потврда со која би се потврдило дека Клиниката за неврохирургија не извршува хирушка интервенција каквa што требало да се изврши на пациентот. На 30 мај директорот на клиниката ги зел парите со образложение дека тие се парична награда за него за издадената потврда.
На извршувањето на кривичното дело претходело лекување и хируршка интервенција над 13-годишната пациентка од страна на пријавениот. Меѓутоа, таткото обезбедил парични средства за понатамошно лекување и хируршка интервенција на неговата ќерка во специјализирана клиника во Германија, за што му требало потврда од Клиниката за неврохирургија.
При извршениот претрес во неговата работна канцеларија пронајдени се и одземени вкупно 24.890 евра, 4.477 американски долари, 2.250 швајцарски франци, 65 австралиски долари, 170 хрватски куни, 60 бугарски лева и 4.700 денари. Додека, при извршениот претрес во неговиот дом пронајдени се и одземени вкупно 9.750 евра, 10.000 денари и медицинска документација, за кои пријавениот немал доказ од каде потекнуваат.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
