Кривична пријава за измама за двајца велешани
СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.П.(54) и И.С.(67), двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“.
Во текот на 2009 и 2010 година првопријавениот и второпријавениот, иницирале и донеле одлука за издавање под закуп на имотот на здружение по несразмерно ниска закупнина.
Притоа, во текот на 2009 ова здружение основало друго здружение за иста намена, по што до МВР било доставено барање за префрлување на овластувањата.
По ова, на 17.04.2010 пријавените иницирале и ја трансформирале сопственичката структура на второформираното здружение, при што пријавените се стекнале со удел од 82% во основачкиот влог и со право за дивиденда.
Потоа, во текот на мај 2010 пријавените до МВР поднеле барање за овластување на второформираното здружение за вршење на технички преглед на возила, без да достават известување за промена на сопственичката структура.
Исто така, пријавените, и покрај тоа што немало никакви законски, ниту статутарни основи за тоа, ја укинале дејноста – технички преглед на возила на првото здружение, поради што тоа немало приходи за да опстане.
Ново на Сител
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата