Кривична пријава за кичевец за продажба на дрога
Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против кичевецот Р.В.(40) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Како што соопшти МВР, при извршен претрес во домот на Р.В. вчера криминалистичката полиција од Кичево пронашла и одзела растителна материја со зеленкаста боја, најверојатно наркотична дрога марихуана, со маса од околу еден килограм, бела прашкаста материја, најверојатно наркотична дрога кокаин, со маса од околу 20 грама и три куршуми од различен калибар.
Полициските инспектори пронашле и одзеле и други предмети и прибор за користење на наркотични дроги. Пријавениот Р.В., неовластено ги набавил и ги држел во својот дом со цел натамошна препродажба на наркозависници од Кичево.
Одземените предмети се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Затворена зоолошката во Скопје, потврден е „птичји грип“
-
Перински: Ќе се кандидирам за градоначалник на Скопје, ако анкетите покажат рејтинг
-
Затворена зоолошката во Скопје, има сомнеж за „птичји грип“
-
Георгиева: Не чека тешка иднина, најпогодени ќе бидат сиромашните
-
Перински: Незаконски е општини да ја финансираат Албанската академија
-
Костадинов: Водата во Струмица е исправна - се чека потврда од ИЈЗ
-
Пациентите со рак на дојка бараат лекови на позитивната листа, подобрување на скринингот и нови протоколи