-->
-->
Кривична пријава за кражба
-->
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Тешка кражба од чл.236 ст.1 т.1 од Кривичен законик.Обвинетата, соопшти ЈОРМ, на 15 август 2017 година, со употреба на физичка сила и погоден предмет насилно ја отворила влезната врата на домот во сопственост на оштетеното лице, при што одзела туѓи предмети со намера противправно да ги присвои. На овој начин биле одземени еден мобилен телефон, две златни ланчиња, медицински златни навлаки за заби, сребрена пара со ликот на Гоце Делчев и друг накит, во вкупна вредност од 120.000 денари.
Заедно со обвинителниот предлог, надлежниот обвинител до судот достави и предлог на обвинетата да и биде определена мерка притвор, со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасноста од бегство, како и на опасност таа да го повтори кривичното дело кое и се става на товар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
-

МВР дел од меѓународна операција за сузбивање онлајн-измами и перење пари координирана од Интерпол
-

Андоновски: Реализирано ветувањето за Центар за услуги во Прилеп
-

Син ѝ се заканувал на мајка си во филијала на банка во Неготино и нападнал полициски службеници
