Кривична пријава за охриѓанка за поднесување лажни докази за развод
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Т.(36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поднесување лажни докази“.
Како што информира МВР, пријавената, во бракоразводна постапка во Основен суд Охрид како доказ употребила исправа за која знаела дека е невистинита со цел да и биде изречена помала сума за издршка на малолетната ќерка.
- Таа пред судот приложила лажен доказ, односно невистинити исплатни листи за месечна нето плата од вкупно 13.000 денари во првите три месеци од оваа година иако знаела дека за истиот период, нејзината плата изнесувала 18.000 денари, Тоа било суштинско во бракоразводната постапка и во пресудата на Основниот суд во Охрид да биде задолжена да исплаќа помал износ за издршка на малолетно дете, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица
-
ЈП Комунална хигиена - Скопје: Oтстранети диви депонии на пластичарска улица и во населбата Топаана
-
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
-
АП Брера Струмица дебитира во младинската Лига на шампиони
-
Грција ќе забрани издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во центарот на Атина
-
Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина
-
Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата