Кривична пријава за ветувања за лажни вработувања во МЗ
- МВР до Основното јавното обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Е.С.(36), поради наводи дека од јуни до август минатата година ветувала вработувања на повеќе лица, за што земала паричен надомест во изност од околу 150.000 денари.
Е.С.,лажно повикувајќи се на лица на високи позиции во Министерството за здравство на Република Македонија, ги довела во заблуда оштетените, ветувајќи им дека нејзина помош за краток временски период ќе бидат вработени во Министерството за здравство.
За услугите, пријавената од оштетените во повеќе наврати барала парични средства во висина од 12.000 до 24.000 денари со изговор дека парите и биле потребни за трошоци околу набавка на потребна документација за вработување, односно за систематски и психолошки прегледи.
Делата се извршувани на идентичен начин. Таа на оштетените им ветувала дека ќе ги вработи во Министерството како преведувач од англиски на македонски јазик, референт во Министерството, потоа како медицинска сестра во Одделот за максилофасцијална хирургија или како акушерка, и во еден случај ветила работно место - лаборант во Одделението за трансфузиологија.
Откако оштетените сфатиле дека станува збор за измама, случаите ги пријавиле во полициска станица.
Е.С. е повикана на разговор во полициска станица бидејќи постојат основи за сомнение за сторени четири кривични дела за измама, кои се казниви по член 247 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Таа ги признала кривичните дела и го појаснила начинот на извршување, а по ова оштетените пријавиле во полициска станица дека парите им биле вратени во целост, соопшти МВР
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
