Кривична пријава за жител на Берово поради криволов и поседување оружје без дозвола
Во беровско регистриран случај на незаконит лов, поради што 67 годишен беровец заработи кривична пријава. Криволовот, како што информираат од беровската полиција е регистриран во текот на последниот ден од ловната сезона кај месноста „Црвени брегови“, по претходно спроведена заедничка акциска контрола на беровското ловно друштво и полициски службеници.
– На 31 јануари 2021 година во периодот од 6 до 14 часот, претставник на ловното друштво „Дабевец“, полициски службеници при Надворешна канцеларија за криминалистички работи и Полициска станица Берово спроведоа заедничка акциска контрола за незаконит лов. За време на акцијата на место викано “Црвени брегови” во атарот на Берово, затекнат при вршење незаконит лов е лицето Б.З.(67) од Берово. Лицето е затекнато со ловечка пушка за која немал дозвола, на локација за која ловното друштво нема концесија, со што сторил кривично дело по чл.396 од Кривичниот законик, се вели во соопштението од полицијата во Берово.
По насоки на Јавен обвинител, оружјето на 67 годишниот (Б.З) е одземено, а по целосно документирање на случајот, против него се најавени соодветни поднесоци за вршење незаконит лов од чл.228 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер