Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против В.Б. во својство на извршен член на oдбор на директори на Друштво за спортски дејности кошаркарски клуб Куманово 2009 АД Куманово поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 4 и 5 в.в со ст. 1 од КЗ на Република Северна Македонија.
Пријавениот В.Б., во својство на овластено лице во Друштво за спортски дејности кошаркарски клуб Куманово 2009 АД Куманово, ги пречекорил границите на своите службени овластувања доделени од друштвото, постапувајќи спротивно на член 14-д од Законот за спорт, како и спротивно на договорите за донација на финансиски средства склучени помеѓу Стопанска банка АД Скопје и Цементарница УСЈЕ АД Скопје, како даватели на донација и Друштвото за спортски дејности кошаркарски клуб Куманово 2009 АД Куманово, како примател на донацијата.
Имено, пријавениот, самоволно, свесно и со однапред утврдена намера, донел одлука која сам ја потпишал без да свика седница на Одборот на директори на друштвото, согласно која дал налог за исплата на парични средства од клубот кон себе и уште две лица, по основ награда - бонус.
Исплатените парични средства потекнувале од донации - спонзорства обезбедени од Стопанска банка АД Скопје и Цементарница УСЈЕ АД Скопје, односно од парични средства доделени во вид на ваучери од Агенцијата за млади и спорт, кои по ниту еден законски основ не смееле да бидат исплатени на наведениот начин.
Со ваквото постапување, пријавениот Виктор Божиновски, со намера за себе и за други лица да прибави противправна имотна корист, нанел имотна штета на Друштвото за спортски дејности кошаркарски клуб Куманово 2009 АД Куманово во вкупен износ од 4.896.000 денари.
МИА
Ново на Сител
-

17-годишна Албанка од Македонија исчезна кај Штутгарт, семејството бара помош
-

МФ: Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводители
-

Во Куманово пронајдени три деца во бессознание, затруени од вдишување лепак
-

АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил
-

Трамп: Приказните за американски 300 милијарди долари за Иран се лажни вести
-

„Генералка викенд“: Обединети 70.688 учесници, собрани 684.777 килограми отпад
-

Би-Би-Си: Унгарскиот модел за поттикнување на наталитетот не ги исполни очекувањата
-

Од 50.000 до 5,9 милиони следбеници: Голманот на Кабо Верде, Возиња, светска сензација по мечот со Шпанија
