Кривична за 40-годишен гевгеличанец – сторил 46 кривични дела
Кривична пријава за гевгеличанец за „измама“,„измама во обид“ и „злоупотреба на лични податоци“
Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против И.П.(40) од Гевгелија, поради постоење основи на сомение за сторени 46 кривични дела, од кои 16 „измама“, 12 „измама во обид“ и 18 „злоупотреба на лични податоци“.
Пријавениот, во периодот од 28.10.2019 до 02.02.2020, во вкупно 28 наврати довел во заблуда вкупно 18 физички лица, на тој начин што лажно се претставувал дека е вработен како службено лице во Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, како и во други државни институции и приватни правни субјекти кои вршат дејност од јавен интерес (банки, извршители итн.). Пријавениот ги убедувал оштетените лица дека за да се стекнат со парични средства по разни основи од сметката на Фондот и други државни институции, треба да уплаќаат дополнителни парични средства на негово име на различни начини (електронски, по пошта или давање парични средства на рака преку трети лица).
На тој начин, И.П. се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 54.650 денари. Од страна на Основен суд Гевгелија на пријавениот му е определена мерка притвор во траење од осум дена.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости