Кривична за четири лица од Кочани за злоупотреба на службена положба во јавна набавка од 1,4 милиони денари

Поранешен директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ во Кочани, поранешен вработен и уште двајца вработени во претријатието добиле кривична пријава за злоупотреба на службената положба при јавна набавка со која, според наводите, бил овозможен противправен имотен бенефит од 1.406.306 денари, информира МВР.
Пријавата до Основното јавно обвинителство Кочани ја поднела Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани против поранешниот директор на КЈП „Водовод“ – Кочани А.К.(44), вработените З.Г.(53) и Б.А.(64), како и поранешниот вработен З.Ј.(55). Тие се сомничат за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ извршено во соизвршителство.
Според пријавата, второпријавениот како претседател, а трето и четвртопријавениот како членови на комисијата за јавна набавка, во 2021 година спровеле постапка спротивно на Законот за јавни набавки. Во тендерската документација биле внесени спецификации за производи кои, според наводите, не постоеле на пазарот, со што била ограничена конкуренцијата и бил фаворизиран економски оператор од село во општина Могила.
Првопријавениот, иако имал обврска да ја утврди законитоста на постапката, донел одлука за избор на најповолна понуда и склучил договор во име на КЈП „Водовод“ – Кочани, со што, како што се наведува, бил овозможен противправниот имотен бенефит.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Трагедиите не смеат да останат без одговори, општеството има право да ја знае вистината - им го должиме тоа на жртвите
-

Уапсен скопјанец, при претрес пронајден кокаин подготвен за продажба
-

Приведен 15-годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште
-

Нападната Амбасадата на САД во Ирак
-

Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји
-

Шест лица приведени во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога
-

Црвена ѕвезда го совлада шампионот на Евролигата
-

Иран повторно со нови напади кон Израел
