Македонија
7. March 2025 - 19:09

Кривична за две лица од Тетово, на сила се обиделе да влезат во канцеларијата на градоначалникот на Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.И.(34) и А.А.(38), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 05.11.2024, пријавените се обиделе со употреба на сила да влезат во канцеларијата на градоначалникот на Тетово и упатувале закани кон двајца вработени.