Кривична за кумановци кои одржале семејна прослава во двор со 15 гости
Двајца кумановци на возраст од 32 и 46 години добија кривични пријави поради забава во двор.
-СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(32) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и против З.Г.(46) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”. На 18.05.2021 околу 23.00 часот во дворно место на Д.П. била одржана семејна прослава каде биле затекнати околу 15 лица, што било спротивно на одлуките на Владата за спречување на ширењето на ковид 19. Притоа, З.Г. одбил да се легитимира, упатувал закани кон полициските службеници и ги попречувал во вршење службени дејствија, појаснуваат од полицијата.
Ново на Сител
-
Зголемена потребата од негуватели
-
Преглед на вестите од светот
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука