Македонија
15. December 2025 - 12:27

Кривична за тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии

ОВР Демир Хисар поднесе кривична пријава против А.В.Г.(50), К.А.К.(44) и Т.К.К.(48), сите од Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „неовластена трговија со добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост“, соопшти МВР.

На 09.12.2025 на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Демир Хисар, полициски службеници извршиле преглед на товарно возило „пежо“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од првопријавениот и патничко возило „голф“, управувано од третопријавениот, а сопатничка била второпријавената, при што се пронајдени и одземени предмети кои претставуваат културно наследство.