Македонија
14. February 2021 - 17:15

Кривична за затвореник од КПД Штип кај кого бил пронајден хероин - го препакувал и спремал за продажба

СВР Штип поднесе кривична пријава против 27-годишен штипјанец со иницијали С.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 24.06.2020, вработени во Казнено-поправниот дом Штип, при извршен преглед кај пријавениот, пронашле хероин, кој пријавениот, како осуденик во казнено-поправниот дом, го набавил и препакувал во помали пакувања заради продажба.