Кривични пријави против три лица од Скопје поради кражба на дрва

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје постапувајќи по ОА ГОРА, во текот на минатиот месец за три оделни случаи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против три лица од Скопје за сторени три кривични дела „кражба“.
Во првиот случај, соопшти Министерството за внатрешни работи, поднесена е кривична пријава против С.А. (20) кој што од туѓа шума бесправно одзел повеќе стебла огревно дрво, даб и габер, во количина од 11,90 м3 без соодветна документација и видлив шумски жиг и истите ги складирал на ливада во непосредна близина на својот дом во с.Раовиќ каде на 18 минатиот месец од страна на ЕПОИА – АЛФА бесправно одземените дрва биле пронајдени.
Шумската полиција излегла на лице место и извршила контрола и мерење на дрвата при што е утврдено дека пријавениот складирал 15м3 огревно дрво, даб и габер, без жиг и соодветна документација додека на 19.10.2015 година од страна на Шумската полиција извршен е дополнител увид и мерење на дрвата на лице место при што е утврдено количина од 11,90м3 огревно дрво даб и габер. Од страна на Шумската полиција дрвната маса е предадена во плац на ЈП „Караџица“ с.Петровец Скопје, а подвижната моторна пила во Агенцијата за управување со одземен имот-депо Миладиновци. Со наведеното дејствие пријавениот ја оштетил заедницата за 83.300 денари.
Во вториот случај, како што се наведува, поднесена е кривична пријава против А.Б. (44) кој што откако претходно од туѓа шума бесправно исекол повеќе стебла на дрвја (бука, цреша јаболка) без соодветна документацијаи и без жиг, во количина од 1,70 м/3 истите ги натоварил во товарно моторно возило марка Форд со тетовски регистарски таблички по што се упатил за да ги превезе до својот дом на ул.„Дижонска 5“ во Скопје-Чаир. Истиот ден на ул.„Сердарот“- Драчево, пријавениот бил запрен од полициски службеници од ПС ОН Драчево, при што му била извршена контрола на возилото и стоката што ја превезува, по што истиот е лишен од слобода и му се одземени товарното моторно возило и огревното дрво, а за настанот е известена Шумската полиција. Со наведеното пријавениот ја оштетил заедницата за 11.900 денари.
И во третиот случај кривично е пријавен З.Н. (53) кој во текот на минатиот месец на точно неутврдено место, од туѓа шума бесправно одзел повеќе стебла огревно дрво бука без жиг и соодветна документација во количина од 2,0 м3 и во неколку наврати ги натоварил во патничко моторно возило Југо со скопски регистарски таблички во негова сопственост и ги превезол до неговиот двор во с.Таор. При последниот транспорт на дрва во количина од 0,5м3 на 07.10. на мостот на река Вардар помеѓу с.Орешани и с.Таор бил забележан од полициски службеници од ЕПОИ АЛФА и на даден знак да застане, истиот се дал во бегство, при што го напуштил возилото и се упатил во непознат правец. При потрага на возачот од возилото во дворот на пријавенот биле пронајдени бесправно одземените и складирани 2,0м3 огревно дрво бука, а за настаните е известена Шумската полиција. Со наведеното пријавениот ја оштетил заедницата за 17.500 денари, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
