Кривични пријави за двајца скопјани за тешки кражби
Двајца 44 годишни скопјани заработија кривични пријави поради тешки кражби извршени во возила и кражба на паричник.
Како што соопшти МВР, СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство - Скопје ги предаде лицата А.Б. (44) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ и Џ.Б. (44) исто од Скопје поради основи на сомнение дека сторил две кривични дела „тешка кражба“. Пријавениот А.Б. на 4-ти овој месец во период меѓу 10 и 10:30 часот на ул. „Московска“ и се доближил на оштетената која во тој момент туркала детска количка, по што ја протнал раката во количката каде бил паричникот, го земал и почнал да бега. Но непосредно по ова бил забележан од страна на полицаец од ПС Карпош и за кратко е фатен и приведен, а по извршениот преглед над пријавениот бил пронајден паричникот и вратен на оштетената.
Пријавениот Џ.Б. во периодот од 5 до 13-ти минатиот месец во попладневните часови на подрачјето на Скопје, извршил кривични дела тешки кражби во ПМВ. Имено, откако ќе се приближел до возилата, со употреба на погоден алат, го кршел задното стакло и со протнување на раката одземал чанта и ранец и без да биде забележан од никого го напуштал местото. По превземени мерки Џ.Б. лишен од слобода, а украдените предмети се вратени на оштетените.
На улица „Маршал Тито“ во Винаца вчера во 15 часот, во близина на угостителски објект по кратка расправија меѓу Д.М. и Д.Ј. двајцата од Виница, од една и А.Д. од Делчево и М.П. од село Истибања, виничко, од друга страна, настанала тепачка во која лицата размениле повеќе удари по главите и телото. Во тепачката со телесни повреди се здобил А.Д. кој се пријавил на лекар во Медицинскиот центар Виница. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следат соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито
-
Фудбалерите оддадоа почит
-
Томовски: По 150.000 денари итна помош за секој настрадан за првични секојдневни трошоци
-
Шеесетминутен молк во Солун за жртвите од трагедијата во Кочани
-
Русија очекува напредок во преговорите со САД за Украина во понеделник