Кривични пријави за матичари и советници кои овозможиле жена да користи два идентитети

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Б.(56), Н.З.(41), Х.Е.(53) и В.П.(67) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата “, соопшти МВР.
Првопријавената, матичар во Управа за водење на матични книги во Лојане, општина Липково, постапила несовесно во вршење на своите овластувања и должности на начин што во матична книга на родени во с.Лојане извршила дополнителен упис дека едно женско лице склучила брак со машко лице и го зела неговото презиме, по што второпријавениот во својство на матичар на 26.03.2024 издал извод од матична книга на родени за неа.
Третопријавениот, помлад советник во Одделение за управни работи Куманово го примил поднесеното барање за издавање на патна исправа, а четвртопријавениот во својство на виш советник за патни исправи во одделението во Куманово проценил дека се исполнети сите законски услови за вадење на пасош и го одобрил издавањето. На тој начин , пријавените овозможиле на лицето да користи два идентитети.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
