Кривични за раководството на ОФС Охрид - го манипулирале системот на ФФМ

Охридската полиција поднела две кривични пријави против две лица од општинскиот фудбласки сојуз во Охрид под сомнение дека го манипулирале системот на Фудбалската федерација на Македонија. Според пријавата, двете лица во својство на претседател и секретар на Општинскиот фудбалски сојуз Охрид, во текот на 2024 година во повеќе наврати внеле лажни, неточни и нецелосни податоци во КОМЕТ системот на Фудбалската федерација на Македонија.
Се наведува дека биле евидентирани натпревари кои воопшто не биле одиграни, како и лица кои наводно учествувале на истите, иако не биле регистрирани како играчи или судии. Според пријавата, целта на ваквото постапување била ОФС Охрид да обезбеди свои претставници во органите на ФФМ.
Пријавата е доставена до Обвинителството кое треба да продолжи со натамошната постапка.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
-

Газдата на „Пулс“ ги принудувал вработените да кријат неправилности од инспекциите и да глумат гости
