Македонија
12. August 2020 - 17:41

Кривични за скопјанец и германец кои и покрај забраната организирале веселба во ресторан во Скопје

Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.О.(71) од Скопје и Н.Б.(51) од Германија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

„На 08.08.2020 пријавените организирале семејна прослава во угостителски објект, во сопственост на првопријавениот, кој подолго време не работел“ велат од МВР.