Кривичниот суд го одби барањето за изземање на судија за „Трезор“
Претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје донел решение со кое се одбива барањето на СЈО за изземање на судија на претходна постапка за случајот „Трезор“.
- Постапувајќи по барањето на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) за изземање на судија на претходна постапка кој треба да одлучува по предлог на истото обвинителството за определување мерки за претпазливост против три лица опфатени во предметот на СЈО познат како „Трезор“, претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, донесе решение со кое барањето се одбива бидејќи не се основани причините за изземање на судија кои СЈО ги навел во своето барање, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.
На истото решение, имајќи предвид дека се работи за изземање на судија на претходна постапка, СЈО има право на жалба во рок од три дена до Апелацискиот суд – Скопје.
Во врска со жалбата на СЈО против решението на судија на претходна постапка со кое не беше прифатен предлогот на наведеното обвинителството за определување мерка притвор против едно лице, од Судот информираат дека решението е експедирано до странките, како и жалбата која веднаш е доставена на одговор кај спротивната страна, а по комплетирање на списите во предметот и враќање на сите доставници истиот ќе биде доставен на надлежно постапување кај Кривичниот совет.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Православните христијани го празнуваат Божиќ, денот на Христовото раѓање
-
Охрид исполнет со туристи за божиќните празници
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Скопје и денеска најзагаден град во светот, премиерот најавува конкретни мерки но потребни ќе бидат повеќе години
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник