Кривичниот суд треба да ја изрече пресудата за „Тврдина 2“
Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да биде изречена пресудата за случајот „Тврдина 2“ во кој обвинети се поранешниот началник на УБК Горан Грујевски и уште шестмина вработени во УБК.
На минатото рочиште во завршните зборови обвинителите од Специјалното јавно обвинителство побараа најстрога казна за Грујевски како првообвинетиот во овој случај.
Обвинителка Ленче Ристоска образложи дека бараат настрога казна за поранешниот началник на УБК бидејќи го извршил кривичното дело на најдрзок начин, злоупотребувајќи ја својата моќ и позиција. Според СЈО, тој го наредил и организирал уништувањето на служебната документација поврзана со незаконското прислушување, се обидел да ги сокрие трагите кој и како прислушувал и да ја отежни истрагата, а потоа побегна од државата за да избегне соочување со кривичното дело.
За останатите шест обвинети, вработени во УБК, СЈО побара да им бидат изречени алтернативни мерки, односно условни казни. Како отежнителна околност е тоа што не се покајале за стореното кривично дело, а како олеснително тоа што досега не се кривично гонети и осудувани и дел се самохрани родители.
- Она што можеме од наша страна да го појасниме е дека без оглед дали работеле по наредба или не законот е јасен. Доколку наредбата е спротивна на Законот, секој државен службеник е должен да одбие постапување по незаконска наредба. Ги изнесовме нашите завршни зборови и анализата на доказите што беа изведени на главната расправа, убедени сме во основаноста на обвинението и како што кажавме и минатиот пат очекуваме осудителни пресуди, изјави по судското рочиште обвинителката Ристовска.
Одбраната на обвинетите, пак, во звршниот збор од Судот побара да ги ослободи обвинетите бидејќи во овој предмет нема кривично, туку евентуално прекршочно дело.
Љупчо Шврговски, адвокатот на Грујевски, побара од судот при носењето на пресудата да се апстахира од влијанието на медиумите и нивното известување за овој случај.
- Имаше една реченица која во стариот Законик егзистираше, а се однесуваше на можноста да биде санкционирано како кривично дело и поведението на обвинетиот кој ќе ја уништи, оштети или на друг начин ќе направи неупотребливи службени исправи, книги или списи. Тој дел во новиот Кривичен законик го нема. Од тие причини сметаме дека оваа правна квалификација поради недостаток на овој елемент на кривичното дело не може да ја издржа најелементарната правна критика, изјави Шврговски.
Првообвинетиот Грујевски е во екстрадициски притвор во Грција заедно со неговиот поранешен колега од УБК Никола Бошкоски, кој во „Тврдина 2“ требаше да се појави како сведок. Двајцата минатиот месец беа уапсени со лажни пасоши на аеродромот во Солун при обид да заминат за Будимпешта. Во тек е постапка за нивно екстрадирање.
Предметот „Тврдина 2“ се однесува на уништување на службена документација поврзана со незаконското прислушување
Ново на Сител
-
ЈО: Претреси на повеќе локации - сомнежи за мито и проневери во службата
-
Акција: МВР врши претрес во зградата на МВР
-
Приведен екс директорот на СОЗР - се вршат претреси во неговиот дом
-
МЗ: На Клиниката за ортопедија кај 12-годишно дете извршена трансплантација со коска од донор
-
Рубио го поддржува планот на Трамп САД да ја преземат контролата над Газа
-
Вучевиќ: Мојата оставка е „незапирлив процес“
-
„Ајфон 15“ најпродаван телефон за 2024 година
-
Приведен 58-годишник од Делчево за предизвикување пожар