-->
-->
Кривопаланечките медари бележат големи приноси на мед
-->
Приносите на мед во Крива Паланка годинава се исклучително високи, споредено со останатите општини, но и со приносите од 2014 година, информираат од здружението на пчелари „Пчела“ од Крива Паланка.
- Годинава е оценета како исклучително медоносна, а евидентираните околу 260 пчелари од Кривопаланечко кои имаат околу 8.000 пчелни семејства оваа сезона бележат приноси од околу 15 до 20 килограми по пчелно семејство, додека некои од нив имаат приноси и од 25 килограми и повеќе, информира Милош Славковиќ, секретар на здружението на пчелари „Пчела“, Крiva Паланка.
За разлика од минатата година, кога неповолните природни услови придонесоа за исклучително ниски приноси, годинава се оценува како медоносна.
- Нашите пчелари можат да се пофалат со најдобри приноси споредено со речиси сите региони од Македонија, а во изобилие има и ливадски и планински мед, додека собрани се најголем процент багремов мед. Можеме да ја истакнеме и чистината на медот кој се собира бидејќи Кривопаланечката планинска средина е значајна медот од ова поднебје да биде неконтаминиран, истакна Славковиќ.
Од здружението на пчелари „Пчела“ од Крива Паланка апелираа на поголема органиација и формирање повеќе откупни центри за подобар пласман на медот чија цена годинава во земјава се движи од 300 -350 денари во истокот од државата, па и до 800 денари тегла во западна Македoнија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во една од највисоките згради во Буенос Аирес
-
Дурмиши: Утре или најдоцна задутре треба да се достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите до Владата
-
Русија е подготвен да произведува авиони од петта генерација Су-57 во Индија
-
Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа
-
Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
-
Запленети 4,5 кг кокаин - приведени две лица