Крстот во Гостивар го фати Бобан Симјаноски

Светиот крст што во водите на Вардар во Гостивар, годинава беше положен на пладне, на христијански празник Богојавление Водици, го фати Бобан Симјаноски. Овој триесетидевет годишен професионален војник во АРМ беше најсреќен меѓу четириесетината гостиварци кои влегоа во реката. Првите честитки и осветена икона како подарок доби од митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. Симјаноски им се заблагодари на сите сограѓани, честитајќи им го празникот.
Прославата на празникот започна утрово со света литургија во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад. По богослужбата, литијата со верници тргна од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и преку централното градско подрачје до малиот мост на кејот на Вардар. Свештениците од гостиварското архијерејското намесништво го извршија чинот на осветување на водите и го положија светиот крст во реката.
Празнувањето на Водици продолжи на брегот на Вардар каде годинешните кумови ги послужија верниците со храна и топли пијалаци кои дојдоа на годинешната, дванаесетта по ред манифестација од нејзиното обновување.
МИА
Ново на Сител
-

ЕУ поддршка за развој на капацитетите за сајбер безбедност во Македонија
-

Поради неисплатени субвенции, сточарите се заканија со протести
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
