Крушево добива 62.000 швајцарски франци за приоритетни проекти

Крушево ќе добие 62.000 швајцарски франци за имплементација на приоритетни проекти и за подобрување на транспарентноста.
За таа цел, крушвскиот градоначалник Томе Христоски и претседателот на општинскиот Совет, Тома Петроски потпишаа Меморандум за соработка со Програмата за развој на ОН (УНДП) во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“.
Како што соопшти локалната самоуправа, Крушево е една од деветте општини кои се дел од последната фаза на овој проект, кој опфаќа неколку компоненти: градење капацитети на советниците преку одржување на обуки и врежување на советниците, финансирање за имплементација на иновативни алатки за подобрување на транспарентноста на Советот, како и финансирање на еден до трите проекти до максимална вредност до 50.000 швајцарски франци. Средствата ќе бидат одредени преку форуми на заедниците.
Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементиран од УНДП во партнерство со министерствата за локална самоуправа и за финансии, со заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружението на финансиски работници и Телото на ОН за родова еднаквост и унапредување на жените (УН Жени).
Ново на Сител
-

Бахреин ги осуди иранските напади
-

Приведен 76-годишен маж од Гостивар, возел мопед без дозвола
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка
-

Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици
-

Израелската армија уби бебе во Западен Брег
-

САД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со ебола
-

Песков за односите Русија – САД: За танго потребни се двајца
-

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност
