Крузер не смее да влезе во Сан Франциско, сомнеж за вирус
На крузерот „Гранд принцес“, на кој претходно имало двајца патници заразени со новиот коронавирус, не му е дозволено да се врати во пристаништето во Сан Франциско од каде тргна на нов пат кон Хаваите, откако 20 лица пријавиле симптоми слични на коронавирус.
Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом изјави дека бродот, на која има повеќе илјади патници, ќе остане на море се додека не бидат тестирани патниците и членовите на екипажот со симптоми кои можат да се поврзат со новиот коронавирус.
Тестовите за присуство на коронавируси ќе бидат доставени до бродот, а подоцна ќе бидат анализирани во државната лабораторија во заливот во Сан Франциско.
Процесот може да се заврши за неколку часа, рече Њусом.
Симптоми, кои можат да бидат последица на новиот коронавирус, но и на сезонски грип и настинки, пријавиле 11 патници и десет членови на екипажот.
Во зависност од резултатите од тестовите, бродот може да се пренасочи некаде надвор од Сан Франциско.
Крузерот се упати кон Хаваите, но се врати во Сан Франциско откако некои патници и членови на екипажот почувствувале симптоми кои можат да бидат поврзани со коронавирусот.
На претходното патување кон Мексико, на крузерот имало двајца патници, за кои било утврдено дека се заразени со коронавирусот.
Здравствените работници изјавија дека тие најверојатно се заразиле на бродот.
Еден од нив, постар човек кој живеел во близина на Сакраменто во Калифорнија, кој веќе имал здравствени проблеми, почина од последици од коронавирусот.
Другиот е многу болен, информира Њусом и додаде дека здравствените власти, со помош на Центарот за контрола на болести, се обидуваат да контактираат со 2.500 патници кои патувале во Мексико.
Ново на Сител
-
Со едночасовен молк во скопскиот Градски парк стотина млади оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани
-
Во Ријад почнаа разговорите на делегациите на САД и Украина
-
Двајца осомничени, илегално пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија
-
Во Белград се одржа првиот состанок на Движењето за народот и државата
-
Насилство на скопската обиколница, предложен притвор за осомничениот
-
Таравари: Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат пречекани првите пет пациенти кои се лекуваат во странство
-
Молебен за Кочани во црквата св.Архангел Михаил во Неиве Италија
-
Папата Франциск отпуштен од болница и се појави во јавноста прв пат по пет недели