Живот
24. August 2016 - 10:31

Крв на сите страни во реално шоу: Сандра ја избоде сопарничката во вратот и градите

Во реалното шоу Рика Фамоса Латиан работите потполно излегоа од контрола кога дојде до жестока расправија меѓу две натпреварувачки, а потоа и до тепачка. Една од учесничките Сандра Видал на крајот ја избоде својата сопарничка Викторија со парче стакло.

Сандра искрши чаша од главата на Викторија, но тука не застана, веќе зема парче стакло и ја избоде по вратот и градите.

Членовите на продукцијата набрзо ги раздвоија, а сцената беше како од хорор филм, крв имаше насекаде во просторијата, а продукцијата веднаш ја одведе жената во болница.