Крвав ден на македонските патишта - Уште една сообраќајка денеска

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во 14.15 минути на регионалниот пат Пробиштип-штипско село Крупиште.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила меѓу товарно возило-комбе марка „Фолксваген“ и автомобил марка „Шкода фабиа“ и двете возила со скопски регистерски таблички.
Во несреќата повредени се 39 годишниот возач од Штип и неговиот сопатник во „Фабиата“, кои со Итна медицинска помош од Пробиштип се пренесени во Клиничка болница-Штип.
- Несреќата се случила во 14 часот и 15 минути на регионалниот пат Пробиштип- Крупиште кај местото викано „Киселиц“. Увидот на нашите екипи е во тек за утврдување на причините на несреќата. Очекуваме од Клиничката болница во Штип да не информираат за карактерот на повредите на двете лица во несреќата, вели Панајотова.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
