Крвав трчал низ цело село: Вака се одвивал незапаметениот масакр на Божидар
77-годишниот Божидар Д. вчера рано наутро во селото Бариќ направи крвав масакр која си го уби цело семејство. Пензионерот ги уби сопругата, синот, шурата, а ја рани и снаата.
Иако прво според неофицијални податоци, медиумите во Србија пишуваа дека страшниот злочин се случил поради кавга околу ТВ антена, сепак вистината е сосема поинаква. Српскиот Курир дознава дека кавгата која била мотив за трикратното убиство и самоубиство почнала поради тоа што тој сакал куќата да му ја остави на внукот, но се противеле неговиот син и снаа.
Неговиот крвав масакр течел вака: Тој се скарал со синот околу имотот, излегол надвор и земал пиштол, го пресретнал шурата и прво него го застрелал. Потоа, Божидар ги ранил синот и снаата, па тргнал кон својата сопруга. Таа почнала да бега кон своите родители, но тој ја нашол и убил. И неговиот син набрзо починал во болница, а само снаата останала жива.
Снаата е оперирана и за среќа веќе е надвор од животна опасност. Таа е единствен член на семејството кој го преживеа крвавиот злочин.
Божидар сеејќи смрт налетал на својот брат и му рекол: - Сите ги уби, само ку*вата ми остана! Сега ќе се убијам во црква. По овие зборови почнал да трча до црквата и пред капијата си пукал во главата.
Целото семејство со години живеело и работело во Австрија. Се вратиле неодамна и сакале да го поделат имотот. Семејството било мирно, културно и не правело проблеми никогаш. Затоа цело село и денеска е во шок од настанот.
Ново на Сител
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски