-->
-->
Крвава парада на гордоста: Избодени шест лица, двајца се борат за живот
-->
Најмалку шест луѓе биле избодени со нож на Парадата на гордоста што во четврток се одржа во Ерусалим, а полицијата го уапсила напаѓачот, пренесуваат локалните медиуми. Како што наведуваат медиумите, полицијата соопштила дека двајца учесници на парадата имаат тешки повреди.
„Состојбата на жртвите не е позната, а на местото на нападот им е пружена помош во возилата на итната медицинска помош. Напаѓачот е уапсен“, изјави полициската портпаролка Луба Самри.

Напаѓачот е припадник на радикалната еврејска организација Хареди, најконзервативен облик на ортодоксниот јудаизам, која ги отфрла сите форми на современата секуларна култура, наведува телевизиската станица Chenel 10.
Неколку илјади луѓе учествувале на геј парадата во Ерусалим, значително помалку отколку во Тел Авив. Во мнозински секуларниот Тел Авив во јуни годинава во најголемата поворка на гордоста на Блискиот исток учествувале според организаторите околу 180 илјади луѓе, а во Ерусалим проценуваа дека ќе ги има само пет илјади.

Тел Авив се смета за центарот на толеранцијата кон лицата со хомосексуална, лезбијска, бисексуална и трансполова сексуална ориентација, и тоа во овој нетолерантен регион стана важна туристичка дестинација за геј популацијата.
Во Ерусалим ултраортодоксните групи се спротиставуваат на, како што ја нарекуваат, „парадата на гнасноста“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
