Крвава пресметка: Над 30 лица загинаа при бунтот во затвор

Најмалку 30 лица загинаа при судири во затворот „Алкасус“ во северната бразилска сојузна држава Рио Гранде до Норте, соопшти претставник на полицијата.
- Веројатно има повеќе од 30 загинати во бунтот во затворот во североисточниот град Натал, соопшти претставник на локалните безбедносни власти.
Координаторот на бразилскиот затворски систем, Земилтон Силва во изјава за весникот „Фоља де Сао Паоло“ тврди дека најмалку тројца од загинатите биле обезглавени.
Според него, судирите започнале како пресметка меѓу припадници на две ривалски криминални групи, кои презеле контрола врз делови од затворот.
Во затворот „Алкасус“ казна отслужуваат 1.083 затвореници, иако неговиот капацитет е за само 620 лица.
Во 2015 година во овој затвор беше организиран бунт на затворениците во знак на протест поради пренатрупаност.
На 1 јануари годинава во бунт во затвор во бразилската сојузна држава Амазонас загинаа 56 лица.
Ново на Сител
-

Дизелот поевтинува за 2,5, а бензините за 1,5 денар по литар
-

Неготино: Го грабнале, му ставиле пиштол на глава и го терале да признае силување
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Изминатиот продолжен викенд 1303 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 57 лица
-

Попладне локални врнежи од дожд
-

Поранешната претседателка на ДКСК Димитровска не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари
-

Мицкоски: Изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење
-

Леброн Џејмс прогласен за играч на неделата во НБА по 70. пат
