-->
-->
Крвава пресметка во Лептокарија
-->

Во 23 часот синоќа се одвивала вистинска драма во кафе-бар во Лептокарија. 31-годишниот В.П. од селото Рашче, скопско, пријавил дека истиот ден околу 15 часот физички бил нападнат од неколку лица во кафе бар во Трговскиот, додека заедно со ќерка на негов пријател отишол за да разговараат за вработување.
Според податоците од полицијата, додека тие стоеле во летната тераса, забележал дека влегле С.Х. Ф.В. И.Д. и уште две непознати лица, кои биле во униформи на агенција на обезбедување. Кога се доближиле до него почнале веднаш, без повод и причина, да го удираат со тупаници и пендреци во пределот на главата и телото. Кога паднал на земја без свест продолжиле и со клоци да го удираат по целото тело.
Напаѓачите потоа го изнеле од кафе барот и го однеле позади едно казино. Кога пристигнале полициски службеници на местото на настанот повикале Брза помош, која го однела В.П. во Ургентен центар каде му биле констатирани повреди во пределот на главата, телото и десната нога.
Направен е записник и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
