Крвава расправија меѓу двајца старци во тетовски, едниот во кома
Вчера околу 08,30 часот во с.Ратае-Тетово, настанала расправија помеѓу Ј.И.(1943) и К.Б.(1936) двајцата од с.Ратае, при што по кажување на Ј.И., К.Б. го нападнал со стап удирајќи го во пределот на раката.
Ј.И. се обидел да му го одземе стапот, но К.Б. изгубил рамнотежа и паднал, со главата удрил во бетонски столб покрај патот, при што се здобил со повреди во пределот на главата.
По настанот К.Б. бил пренесен во МЦ-Тетово, од каде поради сериозноста на повредите во неконтактибилна состојба бил препратен во УЦ-Скопје.
На Ј.И. му била укажана лекарска помош во МЦ-Тетово, каде е констатирана повреда на раката во вид на фрактура на левата подлактица, по што е пуштен на домашно лекување.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Тетово, при што се пронајдени и обезбедени траги слични на крв и дрвен стап.
По наредба на ЈО, Ј.И. е задржан во СВР-Тетово за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Макрон одби да и се обрати на нацијата по вториот круг од парламентарните избори
-
Столтенберг: Ако Путин победи во Украина, тоа ќе го охрабри и кинескиот лидер
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и топло со температури до 39 степени
-
Магистралниот пат Охрид - Ресен затворен за сообраќај поради незгода
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци