Македонија
21. July 2016 - 8:39

Крводарителска акција по повод Денот на општина Илинден

По повод одбележување на националниот празник на македонскиот народ, патрониот празник на општина Илинден „Илинден 2-ри Август“ и 20-годишниот јубилеј од постоењето на општината, денеска од 9:00 до 14:00 часот во Домот на култура „Илинден“  ќе се одржи крводарителска акција.

Во оваа традиционална акција, како што информираат од општината, можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани, кои преку дарувањето крв ќе ја покажат својата хуманост и солидарност, спасувајќи нечиј живот.