Македонија
20. October 2016 - 14:31

Крводарителска акција во Куманово

Во просториите на СВР Куманово денеска се оддржа редовна крводарителска акција на која припадниците на СВР уште еднаш ја докажаа својата хуманост.

Акцијата се организира во соработка на МВР, Институтот за трансфузиона медицина и Црвен Крст. Горан Маневски самостоен инпектор од остек за превенција од СВР Куманово информираше дека досега собрани се 65 крвни единици и дека до 15 часот, според проценките се очекува крв да даруваат 80-тина крводарители.

- Акцијата е упешна задоволни сме од одѕивот на крводарителите“-изјави, доктор Анита Божинова Петковска од Институтот за трансфузиона медицина.
 
Нагласи дека на ниво на Македонија, токму припадниците на МВР се меѓу најредовните крводарители.
 
-Ја користам приликата да ги повикам граѓаните, оние кои се уште не се, да станат дел од семејството на крводарители, а оние кои се дел да продолжат со крводарувањето, бидејќи дарувањето на крв нема штета по организамот на здрав човек, меѓутоа може да спаси нечиј живот, додаде Божинова-Петковска.

СВР Куманово,традиционално организира три крводарителски акции во тековната  година, во февруари, јуни и  октовмри. Крводарителските акции се реализираат согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу МВР и Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

Наредната крводарителска акција, најавија од Црвен Крст Куманово е закажана за наредната недела, на која крв ќе даруваат средношколците од паралелките на албански наставен јазик од „Наце Буѓони“ и од гимназијата „Сами Фрашери“.