Крводарителска акција во полициска станица Гостивар

Вработените во полициската станица Гостивар денеска даруваа 43 единици крв во првата организирана крводарителска акција годинава.
Акцијата е спроведена во соработка со Црвениот крст и Републичкиот завод за трансфузиологија во рамки на редовните активности планирани за оваа година.
- Во денешната крводарителска акција, прва годинава, дарувана е респектибилна бројка и тоа е уште една потврда за хуманоста и несебичноста на вработени во полициска станица Гостивар. Меѓу дарителите има поединци-хуманисти кои ја „подале раката“ и повеќе од 40 пати, а има и повеќекратни крводарители, изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Минатата година, во три крводарителски акции во полициска станица Гостивар беа собрани вкупно 116 единици крв, со што, како што нагласува Јосифоски, се исполнети очекувањата на организаторите на акциите.
Ново на Сител
-

Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска
-

Србија/Избори: Партиите се изјаснуваат дали ќе учествуваат на изборите или ќе ја поддржат Студентската листа
-

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата
-

Мицкоски: Граѓаните сѐ уште ги плаќаат сметките од владите на Заев и Ковачевски
-

„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра
-

ЦИА декласифицираше белешки за Ал Каеда
-

Кривична пријава против 27 лица за незаконско внесување категории во возачки дозволи
-

Тешка сообраќајна несреќа кај Миладиновци, наредби за обдукција на две починати лица
