Свет
25. December 2018 - 10:34

Крвопролевање на Бадник: Терористите убија 43 лица во Кабул, опсадата траеше 8 часа

Портпаролот на авганистанското Министерство за здравство Вахид Маџро изјави дека, во самоубиствениот напад кој се случи во Кабул на католичката Бадниквоа вечер, загинаа 43 лица.

Маџро наведува дека полицијата и работниците во итните служби и натаму трагаат по телата на локацијата каде што бил нападот.

На локацијата се забележани бомбаш самоубиец и тројца мажи вооружени со јуришни пушки и експлозиви.

Сите тројца вооружени мажи се убиени во осумчасовната престрелка со безбедносните сили.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но агенцијата потсетува дека на тоа подрачје се активни припадници на Талибанците и терористички групи, на т.н Исламска држава.