Кумановчани, тетовчани и прилепчани од денеска задолжително со маска, марама или шал
Во Прилеп, Куманово и Тетово од денеска е задолжително носење маска, марама, шал или било што за да се покријат устата и носот. Целта за тоа, според донесената владина мерка, е да се создадат услови за повеќе движење, а притоа да се гарантира заштитата.
– Од 22 април (среда), се воведува мерка за забрана за движење на населението на подрачјата на општините Куманово, Тетово и Прилеп, без носење на соодветна заштитна опрема (маска, шал, марама и сл.) надвор од своите домови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници или сл, соопштија од Владата.
Властите препорачуваат граѓаните да го редуцираат излегувањето од своите домови, и тоа само од најнеопходни причини, заради одење на работа, како и излегување од својот дом на само еден член од семејството заради купување намирници и лекови од маркетите и аптеките.
– Се зајакнуваат меките за да не мора да се заоструваат рестриктивните. Во тек се подготовки за олабавување на рестрикциите. Тоа нема да се случи преку ноќ. За да може да се обезбеди олабавување, мораме претходно сите заедно да си ја обезбедиме заштитата – маска/марама, два метра дистанца, негрупирање. Целта не е да се казнува, туку да се обезбеди што е можно пошироко почитување на мерките, од сите, велат од Владата.
Министерството за правда треба законски да ги уреди казните за граѓаните кои нема да ги почитуваат мерките. Со уредбата со законска сила правно се нормира начинот, изрекувањето и висината на мандатните казни кон сите физички и правни лица кои нема да ги почитуваат одлуките, што се однесуваат на групирање на јавни места и површини на повеќе од две лица, за непочитување на минимум потребното растојание од два метра и неносење заштитна опрема.
Најпрво ќе се даваат само опомени, дури потоа казни. Ако дојде до изрекување казна, полицијата ќе има обврска да има фотографија со која ќе ја оправда мандатната казна.
Во врска со олабавувањето на рестрикциите на територија на цела држава, тоа ќе се одвива во неколку фази. Се прават планови за да се намали времетраењето на полицискиот час, но со задолжителна обврска за носење маски/марами, а остануваат и мерките за забрана на групирања и задолжителна дистанца од два метра.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа
-
Блинкен вели дека 8.000 Севернокорејци на границата со Русија се подготвени за борба со Украина
-
Донесен законот за неработна недела за трговците во Федерацијата Босна и Херцеговина
-
Алкалоид бележи позитивни финансиски резултати
-
УНИЦЕФ: Најмалку по едно дете гине секој ден во Либан
-
Уставниот суд укина одредба од Правилото за сместување и ред во Армијата која се однесува на слободно вршење на верски обреди
-
Апасиев праша за признавање на Палестина, премиерот Мицкоски повика на мир
-
МВР: Зголемен бројот на фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на МВР и директорот на БЈБ, граѓаните да не ги отвораат овие пораки