-->
-->
Кумановец полесно повреден при судар на два автомобила БМВ на автопатот Тетово-Скопје
-->
Триесет и шестгодишен кумановец е полесно повреден при судар на две возила марка БМВ на автопатот Тетово-Скопје. Двете возила по сударот излетале од патот кај таканаречениот Требошки натпатник околу 10:30 часот.
-При сударот повреден е возачот на БМВ со швајцарски таблици, И.С (36), кој е од Куманово. Тој бил однесен во Тетовската клиничка болница, каде по пружената помош е пуштен дома, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Второто возило марка БМВ го управувал Б.М (25) од тетовски Челопек, кој поминал без повреди. Полицијата изврши увид на самото место со цел да се утврдат поединостите од сообраќајната незгода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?

