Македонија
3. April 2023 - 16:24

Кумановец во својот имот пронашол неексплодирана граната

На 02.04.2023 во 08.27 часот во СВР Куманово, Б.С. пријавил дека на неговиот имот во село Речица, кумановско, пронашол неексплодирана граната од Втората светска војна, калибар 75мм.
 
Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатaтa билa безбедно подигнатa од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.